Формула 1 тимот на Мерцедес подготвува нов договор за Луис Хамилтон со кој седумкратниот Формула 1 шампион ќе стане најдоброплатен возач во историјата на овој спорт.
Иако во последно време се шпекулира дека Ферари подготвува богата понуда, сепак Мерцедес е тимот кој му нуди богатство. Весникот „Дејли мејл“ пишува дека Мерцедес подготвува петгодишен договор за Хамилтон тежок 290 милиони евра. Ако се согласи да потпише, Хамилтон со новиот договор би добил 58 милиони евра годишно.
„Луис Хамилтон сака договор на пет години, а доколку му биде понуден на само една година, мислам дека нема да го прифати“, ги цитира Дејли Мејл зборовите на изворот кој е запознаен со понудата.