Хамилтон ја повикува меѓународната заедница со шокантна фотографија од Газа: „Не можеме повеќе да молчиме“ (фото)

Еден од најдобрите возачи на сите времиња, Луис Хамилтон, повторно го крена гласот против она што го прави израелската армија во Појасот Газа и рече дека светот не може да молчи за сето ова.

Израелската армија спроведува невиден терор врз Палестинците во Газа, а нивните напади одзедоа многу животи, а Хамилтон рече дека мора да има прекин на огнот.

Само во првата недела од овој месец, повеќе од 100 деца беа убиени во Газа, а Хамилтон јавно го сподели својот гнев што светот молчи.

„Тешко е да се најдат зборови за да се опише апсолутниот ужас што го чувствувам гледајќи што се случува во Газа.

„Децата гладуваат, додека хуманитарните организации не можат безбедно да достават храна, чиста вода, медицински материјали – најосновните човечки потреби. Нема оправдување за ова“, рече Хамилтон.

Понатаму, Хамилтон го осуди молчењето на меѓународните организации кои го игнорираат целиот проблем.

„Молчењето и недостатокот на акција од страна на меѓународната заедница ќе бидат оценети од идните генерации. Секој ден што поминува без да се дозволи помошта безбедно да стигне до Палестинците и без прекин на огнот, се губат повеќе животи. Оние што се на власт мора да сторат сè што можат за да го прекинат ова страдање, и тоа мора да го сторат сега“, додаде Хамилтон.

После тоа, Хамилтон сподели на Инстаграм можни начини да им помогне на луѓето во Газа.

Тој сподели и трогателна фотографија од мајка со своето гладно дете, кое не јадело со денови.