Хаос во авионот: Бритни Спирс пушела и пиела за време на летот, ја пречекала полицијата

Поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) се огласи на Инстаграм откако американските медиуми објавија дека добила официјално предупредување за несоодветно однесување на приватен лет од Кабо Сан Лукас, Мексико, до Лос Анџелес во четврток.

Според „People“ и „TMZ“, пејачката консумирала алкохол и запалила цигара за време на летот, што предизвикало загриженост кај членовите на екипажот. Стјуардесите ја предупредиле да ја изгаси цигарата – што таа го направила – но за време на летот биле контактирани властите, кои ја чекале по слетувањето во Лос Анџелес.

Потоа пејачката добила официјално предупредување, по што била ослободена без понатамошни последици.

Бритни: „Мислев дека можам да пушам!“

На Инстаграм, пејачката на хитот „Toxic“ се обиде да ја објасни својата страна од приказната.

„Признавам, ова беше прв пат во мојот живот да пијам вотка!!! Се колнам, се чувствував толку паметно!! Си помислив: „Леле, што е ова?!“ Се чувствував бистро и паметно! И реков: „Ми се чини дека сакам да пушам цигара!!!“ Мојот пријател ми стави цигара во уста и ја запали, па си помислив: „Ах, ова е авионот каде што е дозволено пушење!“

Потоа Бритни се извини ако навредила некого, но нагласи дека „секогаш ја ставаат на задниот дел од авионот“.

Таа, исто така, откри дека била убедена оти службените лица на аеродромот ја пречекале како „поддршка“ затоа што, како што вели, „се чувствувала посебно“.

„Стјуардесата ги повика службените лица затоа што запалив цигара!!! Ме засрами непотребно. Не ме сакаше од моментот кога се качив во авионот! Никој немаше во авионот првите 20 минути, а не ми дозволуваше да станам! Сакав да ги истегнам нозете, но ме натера да седнам. Се однесуваше чудно! Не ми се допадна ниту како ми го стави безбедносниот појас – беше како да го нарушува мојот личен простор!“

Заедно со својата објава, Бритни сподели и видео на кое држи шише алкохол додека седи во авион.