Најголемото дерби на холандскиот фудбал беше прекинато во 43. минута поради фрлање факели на теренот од навивачите на Ајакс.
Кога резултатот беше 3:0 во корист на Феенорд, најжестоките приврзаници на клубот од Амстердам фрлаа факели на теренот, а судијата на натпреварот веднаш ги испрати играчите во соблекувалната.
Ова е само показател дека во Ајакс во моментов нема рози и дека сегашниот тим не е конкурентен да се бори за титулата.
Натпреварот продолжи по пауза од речиси дваесет минути, но навивачите на Ајакс повторно фрлаа факели на теренот, па потоа главниот судија Сердар Гезибијук реши да го прекине натпреварот.
Натпреварот најверојатно ќе биде регистриран со резултатот кој беше на сила во моментот на паузата.
Ajax fans trying to get the game stopped as they’re 3-0 down to Feyenoord today.
— Football Away Days (@AwayDays_) September 24, 2023
pic.twitter.com/Y3OU3EjayZ