За прв пат во историјата, трите воени служби на Соединетите Американски Држави (САД) се без началници, бидејќи републиканскиот сенатор Томи Табервил одбива да го потврди нивното именување.
Мајк Гилдеј, началникот за поморски операции, поднесе оставка оваа недела, оставајќи ја американската морнарица, Армија и маринци да бидат предводени од вршители на должности, пишува CNN.
„Ова е без преседан. Тоа е непотребно и небезбедно. Тоа е сеопфатно поткопување на воената подготвеност на САД“, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.
Томи Табервил во декември 2022 година вети дека ќе ги блокира сите номинации на високи претставници на Министерството за одбрана поради одлуката на Пентагон да ги покрие патните трошоци за своите членови кои бараат абортуси кои живеат во држави каде што не е дозволен абортус.
Доколку ништо не се промени до крајот на септември, ќе биде испразнето уште едно место, бидејќи тогаш началникот на Генералштабот на американската Армија, Марк Мили, ќе се пензионира.
До крајот на оваа година повеќе од 600 воени офицери ќе бидат „заглавени“ во процесот на номинација.