Авионот што го користел кралот Чарлс доживеа несреќа. Имено, за време на летот од леталото испаднале три прозорци.
Во октомври минатата година се случи несреќа која за малку ќе ги чинеше патниците живот. Авионот на кралот Чарлс, кој повремено го користел, почнал да се распаѓа за време на летот.
Имено, Титан Ербас полетал од лондонскиот аеродром Станстед за Флорида и кога леталото достигнало висина од 4.200 метри (14.000 стапки), испаднале три прозорци.
Според странските медиуми, прозорските рамки биле стопени од силната светлина што претходно ја користеле за снимање на рекламата.