ХАОС ВО ВАШИНГТОН: Трамп влезе во салата и се упати кон говорницата, аплаузите набрзо беа заменети со свирежи, ТОЈ НЕ ИМ ОСТАНА ДОЛЖЕН (ВИДЕО)

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател кој се надева дека ќе добие втор мандат, беше исвиркан за време на говорот на конвенцијата на Либертаријанската партија.

Тој состанок се одржа синоќа во Вашингтон, а републиканецот Трамп беше поканет да се обрати на конвенцијата како гостин.

Би-би-си пренесува дека дел од публиката најпрво го поздрави Трамп со аплауз и извици на одобрување додека тој одеше кон говорницата.

Сепак, противниците на Трамп со свирежи ги надгласаа оние кои му изразија поддршка на поранешниот шеф на Белата куќа.

Се вели дека Трамп не им останал должен на своите критичари.

– Можеби не сакате да победувате… само продолжете да ги освојувате вашите три проценти на секои четири години – рече Трамп.

Би-би-си објаснува дека американската Либертаријанска партија првенствено се залага за индивидуалните права и слободен пазар.

Гери Џонсон, нивниот претседателски кандидат на изборите во 2016 година, освои околу три проценти од гласовите на ниво на цела Америка, а по тоа гласање Трамп стана претседател.