Хаос во Германија: Минхен окован од снег, нема јавен превоз, летовите се одложени

Ноќта од петокот кон саботата во Минхен наврна многу снег, слојот достигна неколку десетици сантиметри. Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен предизвикаа големи одложувања и откажувања на повеќе од 100 полетувања и слетувања уште во петокот. Околу 130 авиони не можеа да слетаат ниту да полетаат, изјави вчера портпаролот на аеродромот. Имено, после Франкфурт, Минхен е вториот најфреквентен аеродром во Германија.

Според прогнозата на германската метеоролошка служба во сабота во Минхен непрекинато ќе паѓа снег. Бројни возови и стотици летови до и од германскиот град Минхен денеска се откажани поради обилни снежни врнежи, се вели во изјавите на Дојче Бан и аеродромот во Минхен, пренесува Ројтерс.