Во поплави и одрони во провинцијата Западна Суматра во Индонезија животот го загубија 19 лица, а седум се водат како исчезнати, соопштија денеска индонезиските власти.
Повеќе од 70.000 луѓе биле евакуирани поради обилните дождови и поплавите .
Катастрофите што го зафатиле главниот град на провинцијата Паданг и осум други области оштетиле речиси 700 домови, десетици мостови и училишта и поплавиле околу 280 хектари земјоделско земјиште , пренесува Ројтерс.
Индонезиската агенција за спасување трага по исчезнатите , а работата на спасувачите е отежната поради тоа што патиштата се блокирани поради лизгање на земјиштето.
Според Абдул Мухари, портпарол на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPBE), евакуираните биле сместени во најблиските џамии бидејќи засега не се обезбедени други привремени засолништа.
„Евакуираните добиле храна, вода и лекови, а некои се вратија во своите домови бидејќи водениот бран ослабна“, рече Мухарија.