ХАОС ВО МОСКВА! Има пожар, има луѓе во зградата! Се полошо и полошо, пожарот СЕ ШИРИ (ВИДЕО)

Околу стотина луѓе останаа заробени во зграда која се запали во источна Москва , а пожарот се прошири на 800 квадратни метри.

Повеќе од 60 пожарникари се борат со пожарот.

По интервенција на противпожарните екипи, спасени се 80 лица, уште 120 се евакуирани, а три лица се пренесени во болница поради вдишување чад. Нивната состојба е стабилна.

На пожарот, како што пренесува РИА Новости, му е доделен четврти степен на сложеност од пет, соопштија и службите за итни случаи.

„Вработените во руското Министерство за вонредни состојби гаснат пожар во Москва. Поставени се специјални скали за спасување на луѓето од горните катови “, соопшти Министерството за вонредни ситуации на својот канал Телеграм.