Најмалку четири лица го загубиле животот кога пукнало цевка со врела вода во трговскиот центар „Seasons“ во руската престолнина Москва, потврди за ТАСС градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин.
Сите настрадини биле вработени во супермаркетот „Глобален гурман“ што се наоѓа во подземниот дел на трговскиот центар.
Првично беше објавено дека има и деветмина повредени, но руските спасувачки служби не ја исклучуваат можноста нивниот број да се зголеми.
Според очевидец, откако пукнала цевката за топла вода во трговскиот центар, не се огласил алармот за евакуација.