Во Собранието на Црна Гора за малку ќе дошло до физички конфликт меѓу пратениците Дритан Абазовиќ и Никола Зиројевиќ.
Останатите пратеници спречија инцидентот да експлодира.
„Ви се обраќам, во оваа соба има доктор, па ако не им верувате на Јевто Ераковиќ и Нермин Абдиќ, еве го Џеман, ве молам да се организираме за на заменикот да му дадеме Бензедин, а потоа Стрепсил“, рече Зиројевиќ.
Абазовиќ му се заканил на Зиројевиќ со зборовите: „Ќе ти кажам, ќе ме паметиш цел живот“, а потоа Зиројевиќ ја напушти собраниската сала.
Потешки инцидент спречија Милан Кнежевиќ, Борис Богдановиќ, меѓу другите…
Седницата продолжи по кратка пауза.