ХАОС ВО СОЛУН: Двајца Турци убиени во престрелка, откриени страшни детали!

Двајца турски државјани се убиени, а уште еден ранет во престрелка денеска во Солун, северна Грција, соопштија локалните власти.

Преживеаниот им кажал на властите дека двете жртви се возеле во автомобил во близина на градската автобуска станица кога друг автомобил им го попречил патот, по што вооружениот напаѓач отворил оган.

Идентитетот на убиените не е соопштен , но се знае дека тие легално живеат во Грција околу две години. Полициската единица за организиран криминал врши увид.

Иако оруженото насилство е ретко во Грција, познато е дека во земјата дејствуваат синџири на организиран криминал. Имаше неколку престрелки кои им се припишуваат на турските организирани криминални групи во последниве години.

Во еден од најсмртоносните вакви инциденти, шест Турци беа убиени во заседа со автомобил во близина на Атина во септември 2023 година.