ХАОС ВО ФРАНЦИЈА – Поради големите немири одложена посетата на кралот Чарлс III, Макрон најавува средба на лето

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека посетата на кралот Чарлс III може да се планира „на почетокот на летото“, бидејќи неговото патување беше одложено поради француските протести против пензиската реформа.

Предложивме на почетокот на летото, во зависност од нашите распореди, заедно да се планира нова државна посета на британскиот монарх“, изјави тој во Брисел, каде што учествуваше на самитот на Европскиот совет.

Според него: „здравиот разум и пријателството не охрабруваат да ја одложиме посетата и би биле несериозни да не се водиме од здравиот разум и да планираме посета среде протести“.

Елисејската палата во петокот објави дека државната посета на Чарлс III на Франција беше одложена, откако протестите поради промените во пензискиот систем на претседателот Макрон станаа насилни во Париз и градови низ Франција.

,,Би било лошо ако, напротив, се обидевме да ја одржиме оваа посета како ништо да не се случува, а како последица има инциденти“, додаде францускиот претседател.

Велика БританијадемонстрацииЕмануел МакронФранција