Јост Клајн, холандскиот претставник на Евровизија 2024, нема да настапи на генералната проба пред финалето, што според коментарите на присутните во Малме значи дека е извесно дека нема да настапи ниту во финалната вечер!
Како што информираа од местото на настанот од арената во Малме за српските медиуми, добиле и официјален мејл со следнава изјава:
„Истрагата за инцидентот со холандски уметник на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија сè уште е во тек. Дискусиите се водат и меѓу ЕБУ и АВРОТРОС, холандскиот радиодифузер учесник.”
Додека истрагата продолжува, ЕБУ одлучи дека Јост Клајн нема да настапува за време на Генералната проба 2, натпревар за кој гласаа жирито во 37-те земји учеснички.
Наместо тоа ќе се искористи неговиот настап од полуфиналето 2“.
За потсетување, Холанѓанецот ги избриша сите фотографии и видеа поврзани со Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил и приказни.
Да потсетиме, тој синоќа заедно со уште девет финалисти од второто полуфинале присуствуваше на конференција за медиумите.
Седеше во близина на Израелката и цело време ја криеше главата под знамето на својата земја, на страната од лицето што гледаше кон Еден. Кога таа почна да одговара на прашањата, Јост целосно ја покри главата.