ХАОС НА НЕБОТО Авион влета во големи турбуленции, патниците во паника: Итно слетување на првиот аеродром, некои повредени

Најмалку пет патници на летот на „Јунајтед ерлајнс“ за Хјустон се повредени синоќа кога авионот наишол на силни турбуленции што го принудиле да слета неочекувано, објави денеска „Њујорк пост“.

Авионот , во кој се превезувале 29 патници и тројца членови на екипажот, полетал од Спрингфилд, Мисури, но бил пренасочен кон регионалниот аеродром Вако поради турбуленции , изјави координаторот на Канцеларијата за управување со вонредни состојби во округот Мекленан, Рајан Диркер.

Петмина повредени патници се пренесени во блиската болница со повреди кои не се опасни по живот.

Скај Вест, кој го реализираше летот, соопшти дека авионот безбедно слетал откако навлегол во турбуленции.