ХАОС НА НЕБОТО НАД ТРСТ! Забележана незапамтена појава: Итно се огласиле метеоролозите (ВИДЕО)

Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија , во вторникот попладне се појавил вител. Засега нема извештаи за штети.

Во раните попладневни часови на словенечко-италијанската граница се појави виор. Според првите информации излетало на брегот кај градот Миље, а потоа тргнало кон Јадранското Море каде се распаднал.

Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту му се заканувало на населението. Не беше потребна интервенција на пожарникарите и пристанишните власти.

Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.

Областа на низок воздушен притисок, која преовладува во поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.

„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вирови, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.