Фудбалерите на Канзас Сити Чифс го одбранија Купот на Ломбарди откако го совладаа Сан Франциско Фортнајтерс со 25:22 по продолжението во Супер Боул LVIII. Неколку дена подоцна низ улиците на градот се одржа традиционална прослава, но таа прерасна во општ хаос.
Како што напиша полицијата на Канзас Сити на социјалната мрежа „Х“, во близина на станицата Јунион се пукало со барање сите да го напуштат тој дел од градот.
На директниот пренос на телевизијата КСХБ 41 се гледа гужва на споменатата локација, каде неодамна заврши парадата. Поединци ја прескокнуваат бариерата за да избегаат од сцената.
Во преносот беше кажано дека некои фанови слушнале силна бучава пред да почнат да бегаат од споменатата локација.
Сè уште не се знае точно што се случило, но се известува дека на местото на настанот излегла полиција за да ја разреши ситуацијата.