Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај изјави дека членството на Косово во НАТО е итна потреба.
Во објава на Фејсбук тој напиша дека членството на Косово во Северноатлантската алијанса ќе гарантира поголема безбедност и мир во регионот.
„Имав задоволство да се сретнам со претседателот на Паналбанската федерација „Ватра“, Илми Бериша и разговаравме за општите политички случувања во земјата и регионот. Воедно, ја повторив потребата да продолжи нивната поддршка за Косово, како за неговиот економски развој, така и за важните теми што не очекуваат во иднина, особено во процесот за членство во НАТО, како итна потреба која гарантира поголема безбедност и мир. Во регионот“, рече Харадинај