Уникатниот подарок за Чарлс Трети пропаднал за секунда
Наследничката на Меган Маркл и принцот Хари , Лилибет, пред неколку дена наполни две години. Нејзиниот дедо, кралот Чарлс III , подготвил посебен подарок за таа пригода – куќа направена по нарачка, пишуваат странските медиуми. Сепак, сè „падна во вода“ затоа што Хари рече „не“ на тоа, сметајќи дека тоа е екстравагантен подарок , кој никако не би и послужил на девојчето.
– Сигурно засекогаш би го паметела тој подарок, би била пријатно изненадена – коментира еден извор на оваа тема.
Нејзиниот татко, сепак, го одбил овој гест на кралот и барал нешто друго, помалку „блескаво“ Јавноста сè уште не знае што и подарил на неа Чарлс на крајот .
Од друга страна, отсуството на јавна честитка особено налути голем дел од јавноста. Кога наполнила една година, ѝ честитале по сите ѕвона.
Уште еден инсајдер близок до кралското семејство се осврна токму на таа тема, па за британските медиуми објасни дека има „заднина за тој потег.“ Имено, родендените на невработените членови на семејството не се слават.
- Секако дека на Лилибет и сакаат среќа , но ништо нема да биде објавено на ниту еден канал или профил – истакнува тој.