Хари Мата Хари го прослави својот роденден! Јавноста во неверување: Изгледа многу младо (фото)

Хари Врешановиќ, попознат како Хари Мата Хари, зад себе има успешна кариера и големи хитови кои публиката ги обожава, но иако долги години е на балканската јавна сцена, малку се знае колку години всушност има пејачот.

Хари го прослави својот роденден пред два дена кога се огласи на социјалните мрежи и откри интересен податок кој многумина не го знаеја.

Колку години има Хари Мата Хари

– Ви благодарам на сите за прекрасните роденденски желби. 63-ти роденден… Одиме понатаму – напиша тој со емотикон од срце додека во коментарите се слеваа честитки, а оваа информација изненади многумина со оглед на тоа дека пејачот изгледа многу помладо.

За потсетување, Хари има три деца на кои е исклучително горд, а ниту едно од нив не тргна по неговите стапки.

– И синовите и ќерките беа совршено воспитани, и имаа среќа да најдат прекрасни работни места. Дамир и Мак се успешни ИТ експерти, додека Надја е докторка, мажена за колега. Имаат две деца и живеат во Шварцвалд – изјави пејачот во една прилика дека е среќен што неговите деца пораснале со прекрасни мајки.

-Да беа трите во рацете на други мајки, којзнае какви ќе беа, бидејќи додека тие растеа, јас си ја продолжив кариерата. Се подразбира дека не бев неважен, имав авторитет и дадов позитивен пример, бидејќи не е важно дали татко ти е почитуван пејач или криминалец, а не може да се игнорира ниту финансиската сигурност – искрен е Варешановиќ.