Шефот на регионот Харков, Олег Сињегубов, соопшти дека најмалку осум лица се повредени денеска во рускиот напад врз градот Харков во Украина.
Тој изјави дека цел на Русија биле станбени згради и други цивилни локации и дека е причинета голема штета, пренесе Ројтерс.
Најмалку пет експлозии се случија во Харков за време на рускиот воздушен напад, напиша градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на Телеграм, пренесе Украинска Правда.
Терехов изјавил дека избувнал пожар во станбена зграда во центарот на Харков и дека се собираат информации за повредени.
Да потсетиме, Украина утрово изврши моќен воздушен напад врз рускиот град Белгород. Во тој напад загинаа најмалку десет луѓе, така што овој напад на Харков е веројатно руска одмазда.