Ова лето неон зелената боја ќе биде најпопуларен тренд. Хајди Клум, која се почесто ја гледаме во разиграни сетови, го најави со последното издание за снимањето на шоу програмата „America’s Got Talent“ во Лос Анџелес.
Поранешниот член на „Ангелите на Викторија“ носеше неонски зелен комплет составен од кроп топ и миди здолниште со висок струк.
Над неа носеше соодветен кардиган со долги ракави. Плисираниот материјал дефинитивно се врати и ќе го гледаме цело лето.
Не е првпат Хајди да се појавува во посветли бои. Таа на самиот почеток на снимањето на натпреварот носеше розов комплет составен од фустан и кардиган.
Таа го комплетираше овој комплет со сребрени прстени со тенок ѓердан и очила за сонце со тркалезна рамка. Таа избра гломазна чанта, што дополнително навестува дека станува збор за дневна комбинација.