Германско-американската манекенка Хајди Клум го запали Инстаграм откако позираше гола за списанието „Париз Меч“ на островот Сен Бартоломи.Таа се одлучи за сосема природен изглед, без шминка, со фризура со кадрици. Фотографијата ја сподели на својот Инстаграм профил, каде што коментарите се заклучени.
Таа одамна е позната по своите смели изданија кои привлекуваат внимание, а тоа беше случај и овој пат.
Таа неодамна се појави во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ каде што објави дека обожавателите можат да очекуваат нејзиниот костим за Ноќта на вештерките да биде „екстремно грд“. Таа се труди да се облече убаво секоја година, што доведе до тоа многумина да ја нарекуваат „Кралица на Ноќта на вештерките“.
„Веќе работам напорно“, рече таа, додавајќи дека почнала да планира сè пред неколку месеци.
Ве потсетуваме, минатата година таа беше костимирана во ЕТ. Од 2000 година, таа организира забави за Ноќта на вештерките каде што се собираат бројни познати личности.