Хезболах: Нека биде „Ден на гневот“

Либанското милитантно движење Хезболах повика на „Ден на гневот“ за да се осуди нападот врз болницата во Појасот Газа.

Велејќи дека Израел е одговорен за експлозијата и дека тоа е „масакр“.

„Утре, среда, нека биде Ден на гневот против непријателот“, се вели во соопштението на Хезболах, пишува „Тајмс оф Израел“.

Палестинските власти ги обвинија израелските сили за нападот врз болницата, додека палестинската милитантна група Хамас рече дека тоа е „воено злосторство“.

Од друга страна, израелската армија (ИДФ) објави дека за експлозијата е одговорна неуспешно лансирана ракета од страна на палестинската милитантна група Исламски џихад.