ХЕЗБОЛАХ ОБЈАВИ ВИДЕО СО МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА – “Го чекаме петок!“: Дали Блискиот Исток влегува во општа војна !?

Терористичката група Хезболах со седиште во Либан објави кратко видео со порака – „Го чекаме петок“, во кое го најавува говорот на лидерот, Саид Хасан Насрала. 

Саид Хасан Насрала треба да одржи телевизиски говор во петок, 3. ноември, на комеморативна церемонија за мачениците кои паднаа на патот кон Ал Кудс. Обраќањето, исто така, веројатно ќе ја сигнализира политичката стратегија што Хезболах ќе ја спроведува во иднина.

Постои шанса Саид Хасан Насрала да прогласи ескалација на борбите на границата со Израел за да се обиде да ги повлече израелските сили на север. Хезболах во последните недели води гранична војна со Израел, во која досега загинаа 47 борци на Хезболах и седум израелски војници.

Тековната гранична војна на Хезболах е дел од регионалната стратегија за симболични напади против Израел, поддржани од Иран, без да предизвикаат масовна одмазда што може да го турне регионот во општа војна.

војнаИзраелЛибанХамасХезболах