Хеликоптерите на МВР испуштија 80 тони вода, пожарот на „Јакупица“ неизгаснат

Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи работи во регионот на планината „Јакупица“, кај велешкото село Богомила, успешно се изгаснати неколку пожари што избувнаа , но пожарот е се уште активен на некои места.

Од МВР велат дека во акцијата за гаснење на пожарот се вклучени и велешките пожарникари.

„По добиеното барање од Центарот за управување со кризи дека поради тешкиот терен на планината морало да се активираат два хеликоптери на МВР и веднаш се дејствува и хеликоптерите досега успешно исфрлиле 80 тони вода. Хеликоптерите Ми-171 во 25 летови испуштија 60 тони вода, додека хеликоптерите БЕЛ 212 во 20 летови испуштија 20 тони вода“, велат од македонското МВР.