Новиот состав на Комисијата за спречување на корупција отвори предмет за набавка на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра од италијанската компанија „Леонардо“ и за набавка на 22 амбулантни возила на тендер на Министерството за здравство.
Ова денеска го потврди новиот прв човек на Антикорупциска, Татјана Димитровска, нагласувајќи дека пред избори се отвораат случаи како резултат на гласот на разумот.
Двата случаи за набавка на хеликоптери и амбулантни возила, со 13 други случаи, значи дека имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска за Радио Слободна Европа.
Според неа, не може да се купува пред избори, повикувајќи се на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата кои ги регулираат условите за нови инвестиции, вонредни плаќања, вработувања итн.
Дополнително, претходно беше објавено дека Министерството за здравство купува 22 амбулантни возила по цена од 90.000 евра по возило, иако пред еден месец ЕУ донираше слична по цена од 63.000 евра.