Хеликоптер на МВР вчера и денеска исфрли над 45 тони вода при гаснењето на пожарот кај село Милетино, општина Брвеница.
Во текот на вчерашниот ден хеликоптерот на МВР учестуваше во гасење на пожарот со исфрлени над 20 тона вода.
Како што соопшти МВР, по барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска, хеликоптерот на МВР „Белл-212“ повторно учестуваше во гаснење на пожарот и исфрли преку 25 тона вода.
Пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање.