ХИТ ВИДЕО НА ЕРДОГАН: Турскиот лидер го нападна оса додека држеше говор, веднаш дојде обезбедувањето, немаа ни трошка милост

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бил нападнат од оса додека стоел на говорницата.

На краткото видео се гледа како оса слетува на грбот на турскиот претседател, кој не ни забележал што се случува, но не му избега на острото око на неговото обезбедување.

Еден од телохранителите веднаш се приближил и прво со рака ја извадил осата, а потоа брутално ја згазил со нога за да не се врати.

Ердоган не го прекина говорот.

Турскиот претседател, да потсетиме, неодамна го прекина телевизиското интервју кое се емитуваше во живо поради стомачни проблеми.