Во Колорадо се одржа гала вечер на екипата на Денвер Нагетс, а на забавата присуствуваше и двократниот МВП на најсилната лига во светот, Србинот, Никола Јокиќ.
Американската новинарка која ја следи екипата на Денвер, Кети Винг, снимаше неколку видео-снимки за прославата заедно со кошаркарите на Нагетс кои коментираа кој како се облекол за оваа вечер.
Микрофонот во еден момент заврши во рацете на играчите на екипата од Колорадо кои меѓусебно си ги оценуваа стајлинзите, па така стигна и до српскиот кошаркар кој за оваа пригода избрал бордо одело со цветчиња.
Тие изјавија дека неговиот стајлинг е одличен, а следеше прашањето од каде му текнало да се облекува така на што Јокиќ испил голтка вино и одговорил: „Имам жена и морам да ја слушам!“
Да потсетиме, кошаркарите на Денвер Нагетс го претрпеа вториот последователен пораз во НБА лигата, а српскиот кошаркар го немаше во тимот поради повреда на потколеницата.