Светската јавност веќе со денови ја забавува реакцијата на италијанскиот премиер Џорџо Мелони кога францускиот претседател Емануел Макрон и’ пријде на самитот на Г7 во Швајцарија и ја поздрави.
Тензиите меѓу државниците ескалираа кога Италија побара да се отстрани референцата за „безбеден и легален абортус“ од последното коминике на овонеделниот самит на Г7 – нешто со што Франција не се согласува.
Макрон подоцна рече дека „жалосно е што во конечната декларација на Г7 недостасува зборот абортус“.
Дека има несогласувања меѓу Мелони и Макрон можеше да се види од видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
Макрон и’ пријде на Мелони, ѝ ја подаде раката и ја бакна, на што таа криво се насмевна, а подоцна, кога францускиот претседател си замина, се чини и дека ги преврте очите.