Францускиот претседател Емануел Макрон одигра фудбалски натпревар во Париз во хуманитарни цели!
Макрон им се придружи на фудбалските легенди и на многу јавни личности на настанот, кој собира пари за добротворната организација за детско здравје со која претседава првата дама Брижит Макрон.
Францускиот претседател, кој има 46 години, во средата излезе на терен како играч од средниот ред. Играше заедно со победниците на Светското првенство во 1998 година Лоран Блан и Дидие Дешамп, како и со фудбалските икони како Дидие Дрогба и Еден Азар.
Учествуваа и други познати личности како ММА борецот Сирил Гане и поранешниот германски голман Јенс Леман.
На снимката се гледа како Макрон фаулира противник кој му ја протна топката низ нозе и шутираше пенал.
По натпреварот учесниците беа поканети во Елисејската палата.
Макрон неодамна беше фотографиран како удира во вреќа за тупаница во време кога реториката меѓу Москва и Париз се засили поради конфликтот во Украина.