Вељко Ивановиќ (23) од Свилајнец неодамна извлекол сом долг два метри и 30 сантиметри од надојдената Велика Морава!
На социјалните мрежи се појави и видео од борбата меѓу рибарот и сомот која траела речиси 20 минути .
Леле, леле, леле! Ова е чудовиште сонце ви е*ам! Леле, леле, што е ова братче. Среќа и силен стап – се слуша на видеото кога сомот ја гризна мамката.
Еден од рибарите отишол да ја земе јадицата за да му помогне на Вељко.
Кога виделе колкав сом ја загризал мамката, настанала вистинска воодушевеност.
Леле поголем немам видено, леле, леле, леле, колкаво чудовиште Вељо – вели еден од насобраните.
Младиот рибар вели дека никогаш немал сличен улов и дека сомот тежел околу 85 килограми.
Рибата е голема и веднаш се виде дека се работи за нешто навистина големо. Ме измори – вели младиот рибар и додава дека сомот го извлекол со помош на двајца колеги.
Можеби тоа е нов рекорд , бидејќи досега најголемиот сом уловен на тоа место беше околу два метри и 10 сантиметри.
Вељко Ивановиќ е член на Здружението на спортски риболовци „Бистро“ од Свилајнец.