Никола Јокиќ е возбуден, но не затоа што НБА плеј-офот е пред почетокот, туку затоа што ќе ужива неколку дена на базен со својата ќерка.
Во последното коло Денвер рутински го совлада Мемфис на гости и со тоа регуларниот дел од сезоната го заврши на второто место во Западната конференција. Нагетс ќе имаат пет слободни дена пред да ја започнат одбраната на титулата во сабота.
Додека го чека противникот во првото коло од плеј-офот (победникот од дуелот за 7. место во кој ќе се сретнат Њу Орлеанс и Лејкерси), Јокиќ ќе се весели во базенот со својата наследничка Огњена.
По триумфот над Мемфис, американски новинар го праша Никола колку е возбуден поради тоа што почнува плеј-офот, а Сомборац во свој стил одговори:
“Да бидам искрен, возбуден сум бидејќи си одам дома. Го отворивме базенот пред ден-два, па едвај чекам да бидам таму со ќерка ми неколку дена. Затоа сум возбудена во овој момент“, искрен беше Јокиќ.