Марија Шарапова без сомнение одбележа една тениска ера, како на теренот, така и надвор од него.
Убавата Русинка и понатаму е интересна за светската јавност и нејзините зборови имаат голем одек.
Така Марија Шарапова сега се присети на една вечера со Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, а тоа се случило во 2008 година во Индијан Велс.
„Приказната со Новак Ѓоковиќ ми е многу смешна. Не се сеќавам каков беше облогот, но тој кажа дека ако победи, тогаш треба да одиме на вечера. Се согласив да се обложувам затоа што мислев дека дефинитивно нема ништо од вечерата. Тој победи и кажа: Ајде да одиме на вечера!. На вечерата ме замоли и да се фотографираме. Тоа ми беше многу смешно“, открива Марија Шарапова.
Убавата Маша и Србинот изградија одлична врска и надвор од теренот, своевремено снимаа заедно реклами, а Марија Шарапова истакна дека е фасцинирана од тоа што тој се уште владее со светскиот тенис.
„Сега го познавам многу добро и неверојатно е да се види колку е страстен. Фасцинантно е колку е долговечен, во кои години освојува турнири. Неверојатно е како се однесува кон своето тело и како се подготвува“, изјавила Русинката.