На социјалните мрежи се рашири видео од млада жена од Австралија, која пријателка ја снимила како се релаксира во автомобилот пред свадбената церемонија .
Додека седела на задното седиште во автомобилот, девојката пеела и танцувала во ритамот на песната „Glorious“ од музичарот Меклмор. Со видеото кое на TikTok го погледнале повеќе од пет милиони луѓе , пишува дека невестата се обидела да се ослободи од стресот пред свадбата.
@megansarathom The pre ceremony hype up/nervous energy release! #2023bride #preceremonymusic #weddinghypesong #foryoupage #aussiebride #diaryofabride #glorious #preweddingsong ♬ original sound – Megan Sara
Многумина во коментарите открија дека и тие користеле слични методи за да бидат помалку нервозни на ваков важен ден.
„Мило ми е што се забавуваше, понекогаш едноставните работи се најдобри“, е еден од коментарите под видеото.
„Официјално ми поставивте задача да организирам забава во автомобилот еден ден на пат до олтарот“, додаде една девојка.