Западната воена опрема заробена во борбите во Украина заврши на голема изложба на отворено во Москва!
На Меѓународниот ден на трудот во среда се формира долга колона пред влезот на изложбата „Трофеи на руската армија“, која се одржува пред Музејот на советската победа над нацистичка Германија во 1945 година.
– Историјата се повторува – соопшти руското Министерство за одбрана, потсетувајќи дека и Советскиот Сојуз организирал изложба на конфискувани германски тенкови и воена опрема во 1943 година.
Москва ја искористи изложбата за уште еднаш да направи груба шега за членките на НАТО кои постојано испраќаат воена помош за Украина.
– Внимание! Преку линијата на изложбата влегуваат вработените во амбасадите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Полска – стои на влезот.
На изложбата беше претставена воена опрема од САД, Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Турција, Австралија, Чешка, Австрија, Финска, Холандија, Шведска…
Првиот канал на државната телевизија објави дека ѕвезда на изложбата е запленетиот американски борбен тенк М1 Абрамс, кој беше онеспособен од руските сили во борбите кај Бердичи во источна Украина.
– Американците го промовираат тенкот како чудесно оружје, сепак, сето тоа е глупост! Угледот на тенкот е уништен – изјави новинарот кој со микрофон се качи на оклопното возило.
Германскиот тенк „леопард 2А6“, француското оклопно возило АМХ-10РЦ, американското пешадиско борбено возило „Бредли“, австралиското оклопно возило АДИ Бушмастер, кое беше тешко оштетено во битките, британскиот оклопен транспортер Саксон…
Русија, исто така, се пофали со други трофеи како што се германското пешадиско борбено возило 1А3 Мардер , американското возило за деминирање М1150 базирано на Бредли и влечената хаубица М777 од 155 мм, бројни советски тенкови користени од Украина, јужноафриканскиот оклопен транспортер Мамба АПЦ, турскиот МРАП возило Кирпи, холандски оклопен транспортер YPR-765…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, да потсетиме, коментираше дека западната алијанса не е дел од конфликтот меѓу Русија и Украина и дека нема потреба да се разоткрива запленетата опрема.
Изложбата во Москва беше отворена само неколку дена откако Конгресот гласаше за нов пакет воена помош за Киев од 61 милијарда долари и во време кога руските сили ја пробија украинската одбранбена линија во Донбас.