Доаѓањето дома по долг престој во странство е емотивно за сите, особено за некој кој поминал долги години во странство.
Затоа не е чудно што луѓето реагираат ентузијастички кога ќе стапнат на родната грутка земја, особено ако им се приреди достоен пречек.
Снимката што ја сподели една девојка на ТикТок покажува токму таков пречек на баба ѝ на аеродромот во Белград, која по многу години се врати во Србија.
-Деведесет годишната баба после долги години се врати во татковината и вака помина. Чиста радост – стои во описот на снимката од приемот.
Баку, кој беше во инвалидска количка по излегувањето од авионот, ја пречека оркестар кој ја отсвири песната „Добро утро Шумадијо“. Таа потоа со широка насмевка на лицето стана од инвалидската количка и заигра оро, кое, сите што беа сведоци на прекрасната сцена го следеа со ентузијазам.
,,Нема ништо поубаво од Србија“ и „Бабава е легенда“, се дел од коментарите кои беа објавени под видеото.