- Холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен денеска, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Сингапур, изјави дека Киев може да користи холандски Ф-16 за цел на руска територија.
Олонгерн разговарала со Зеленски на маргините на безбедносната конференција „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, пишуваат украинските медиуми.
Во интервју за порталот Политико, таа рече дека Холандија нема да воведува ограничувања во „белгиски стил“ и дека кога Украина ќе добие оружје, „има право да го користи како што сака“.
-За Холандија, единствениот услов е дејствијата на Украина да бидат во согласност со меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН, изјави министерката.