– Холандија го повтори своето противење на брзото проширување на Европската Унија (ЕУ).
„Не е прашање кога земјите ќе бидат подготвени, прашањето е дали земјите се подготвени“, рече холандскиот премиер Марк Руте, осврнувајќи се на неодамнешните наводи дека земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија се поддржани од некои земји членки на ЕУ во нивното барање за членство до 2030 година, објави холандскиот јавен сервис НОС.
„Пристапувањето е многу тежок процес“, рече тој, истакнувајќи дека има илјадници услови што треба да се исполнат.
Освен тоа, повеќе членки би го направиле процесот на одлучување на Унијата уште покомплициран, истакна Руте.
Тој рече дека пристапувањето кон Унијата може да има големи последици за она што сегашните членки треба да ѝ го платат на ЕУ.
„Можеме ли да продолжиме во овој размер да им помагаме на земјите со нивните заостанати економии? Мислам дека не“, рече тој.