– Војната во Украина ќе трае уште долго, изјави денес холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра, на неколку дена пред годишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари, пренесува Анадолу.
Хукстра за весникот „Алгемен Дагблад“ изјави дека и покрај веројатно долгиот судир, воената поддршка за Украина мора да продолжи.
„Мораме да се спротивставиме. Не можете да престанете да давате поддршка сега, инаку сѐ ќе биде залудно. Мислеа дека и Втората светска војна бргу ќе заврши. Не сме ниту на половина пат“, рече шефот на холандската дипломатија.
Хукстра додаде дека Украина ќе одлучи за должината на траењето на војната.
„Ние ги поддржуваме. Немате друг избор освен да испраќате оружје и опрема со месеци, можеби и години“, порача и додаде дека „на преговарачка маса ќе победи оној кој на крајот ќе надвладее на теренот“.