Холивудската убавица му се извини на Новак! Еве зошто

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ гостуваше со сопругата Јелена на гала вечерата на „Louis Vuitton Foundation“ во Париз.

Парот Ѓоковиќ привлече големо внимание со своето пристигнување, а една од гостите особено се воодушеви кога го здогледа Србинот.

Станува збор за една од најпопуларните американски актерки Зендаја која моментално е во центарот на вниманието поради филмот „Челанџерс“.

Таа го искористи моментот на дружење со Ѓоковиќ да му се извини бидејќи нејзините тениски способности не беа големи во споменатиот филм, но Новак имаше поинакво мислење.

–  Не, супер е. Ми се допаѓаат тие движења  – изјави нашиот ас кој уживаше со сопругата Јелена.

Новак Ѓоковиќ во сабота од 13 часот и 30 минути ќе го одигра првиот меч на Олимписките игри кога ќе се сретне со Метју Ебден.