Холивудските миленички ја кријат вистината? Погледнете каде се фатени

Џенифер Анистон и Сандра Булок се фотографирани пред приватна ординација за пластична операција, а погледнете во какво издание.

Актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција која долго време доминира во светот на познатите или едноставно прекрасно старееле природно.

Холивудските ѕвезди пред два дена беа забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка. Интересно е да се напомене дека оваа ординација е специјализирана за подигнување на горниот и долниот дел од лицето и дека цените на третманите се движат од 50.000 до 100.000 долари. Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите личности ја посетиле ординацијата на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лицето и ринопластика“, се наведува на веб-страницата на клиниката.

На фотографиите кои ги објави Дејли Мејл се гледа дека Џенифер Анистон се обидува да го сокрие лицето со голема црна капа која ја спуштила на челото, а која ја усогласила со црн џемпер, чизми, шал и фармерки. Сандра Булок се крие зад темните очила за сонце, а беше во малку полежерно издание.

Џенифер Анистон уште во 2015 година јавно проговори за тоа дека пробала инекции и ботокс на лицето, но дека не е љубител на ваков вид разубавување. “Не велам дека не сум пробала, но гледам дека тоа е чувствителна област. Сите тие козметички работи ми изгледаат смешно”, изјави тогаш таа, додека нејзината колешка привлече големо внимание на Оскарите во 2018 година, кога нејзиното лице изгледаше надуено, но таквиот изглед го оправда велејќи дека е болна и боледува од алергии.

“Кога ги видов фотографиите и колку сум отечена, сфатив зошто коментираат. Но, реков: “Па, ако земав инјекции, ги ставав само одозгора”, што не беше многу добро”, се пошегува познатата актерка на времето.

После ова, останува прашањето дали стареат природно или подлегнале на трендовите на разубавување за да останат младешки што подолго. Сепак, факт е – ако го прават тоа, го прават на вистински начин и без претерување.