ХОРОР ВО АВИОН! ВРАТАТА СЕ ОТВОРИ СРЕДЕ ЛЕТ: Патниците ВРСКАА, луѓето ПОЛУДЕА ОД СТРАВ (ВИДЕО)

Портпаролот рече дека властите истражуваат како се случил инцидентот

Авион на Азијана ерлајнс безбедно слета денеска на аеродромот во јужнокорејскиот град Даегу, додека вратата се отворила во воздух за време на летот до аеродромот, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека девет лица се пренесени во болница.

Авионот слетал на аеродромот околу 12:40 часот по локално време, а полетал од островот Џеџу еден час порано, според податоците на летот, пренесе Ројтерс.

Во инцидентот нема повредени , но некои патници се пренесени во болница бидејќи поради шокот имале проблеми со дишењето, додаде портпаролот на „Азијан ерлајнс“.

Девет лица се пренесени во најблиската болница, соопшти противпожарната служба во Даегу.

Портпаролот рече дека властите истражуваат како се случил инцидентот.

„Полицијата ги истражува околностите на инцидентот , откако сопатникот, кој седел покрај излезот за итни случаи, ја допрел рачката на вратата“, рече службеникот.