Сопругата на фудбалерот на Арсенал, Каи Хаверц беше жртва на злоупотреба на социјалните мрежи откако нејзиниот сопруг промаши пенал против Манчестер Јунајтед во ФА Купот.
Лондонскиот тим на крајот беше поразен по изведувањето на пеналот, а Хаверц беше непрецизен во втората серија.
Во регуларниот дел од натпреварот беше 1:1.
Ова било причина некои „луѓе“ кои најверојатно изгубиле пари на обложување да и’ праќаат монструозни пораки на сопругата на Хаверц, а потоа таа за cè ја информирала јавноста на социјалните мрежи.
– Шокантно е што мислите дека е во ред да пишувате вакви пораки. Се надевам дека се срамите – напишала Софија.
Една од пораките гласи: „Се надевам дека ќе имате спонтан абортус“, додека другата гласи: „ Доаѓам кај вас дома и ќе ви го заколам бебето. Не се шегувам, само почекај“.
Случајот е пријавен во полиција, а сторителите секако ќе бидат пронајдени и приведени.
Каи и Софија сè во брак од 2018 година, а го очекуваат своето прво дете.
Страшно е тоа што луѓето си го прават на социјалните мрежи, се кријат зад лажни профили и фотографии, а навредите и заканите речиси се нормализираа.
Ништо не може да ги оправда ваквите монструозни закани, особено не загубени неколку фунти или долари на обложувалница која стана најголемото зло на модерниот спорт…