Татко од Аризона ги убил своите мали деца, а потоа се самоубил во период кога бил среде развод.
Брук Матер (34), неговиот син (7) и ќерката (6) во понеделникот беа пронајдени мртви во семејната куќа во предградието на Феникс.
Полицијата соопшти дека во скутот на таткото го пронашла оружјето (пушка) со кое е извршено злосторството, пренесува Дејли Мејл.
Матер пред убиствата се лекувал во установа за ментално здравје.
Мајката на Хоуп Матер се јавила во полиција загрижена, откако училиштето ја известило дека децата не дошле на час.
После тоа, мајката отишла во куќата и заѕвонила неколку пати, но никој не и’ ја отворил вратата. Таа повикала полиција кога го видела автомобилот на Брук надвор од куќата.
Двојката беше среде развод, а децата беа на гости кај нивниот татко во текот на викендот.
Хоуп поднела барање за заштита од нејзиниот сопруг минатата година, тврдејќи дека тој ја малтретирал и и’ се заканил дека ќе ја убие откако таа поднела барање за развод, според Фокс 10.
Една недела откако таа поднесе барање, Матер ги земал децата од училиште и ги однел во хотел без да ја извести мајката.
Брук потоа повикал полиција и рекол дека има намера да се самоубие, по што бил пренесен во психијатриското одделение во болницата.
Хоуп побара на 1 мај да се укине наредбата за заштита, бидејќи разводот е речиси конечен.