Неколку лица се повредени во напад во теретана во западниот германски град Дуизбург, пишува весникот Indipendent.
Нападот се случил во стариот дел на градот и полицијата ги замолила мештаните да ја избегнуваат областа, пишува Indipendent.
„Според досегашните информации едно лице со предмет повредило други. Ситуацијата е сè уште конфузна“, објави полицијата во Дуизбург на социјалната мрежа Твитер, и додаде дека на терен се голем број полициски службеници.
Германската медиумска агенција dpa јави дека неколку лица се тешко повредени при овој инцидент.