Хорор во Гостивар! Ќерка го избодела својот татко додека спиел

– Во понеделникот околу 19:10 часот од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен 59-годишен Гостиварец со повреди од остар предмет.

Според пријавата, додека спиел во семејниот дом, со остар предмет го повредила неговата 21-годишна ќерка која имала здравствени проблеми. Екипа на гостиварската полиција извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.