Насилни вооружени разбојници го ограбиле голманот на Париз Сен Жермен, Александре Летелие, во понеделникот вечерта.
Како што дознава Le Parisien од полициски извор, 33-годишниот голман бил нападнат во неговиот дом во Ивелин, а разбојниците со нож и се заканувале на неговата сопруга и децата кои имаат две и шест години.
Несреќната жена била погодена и со тупаница по лицето додека во рацете го држела двегодишното дете, а и се заканувале со смрт пред Александре Летелие да ги предаде парите и накитот. Децата не биле жртви на физичко насилство.
Наводно, во грабежот учествувале четири лица, од кои тројца се уапсени, меѓу кои и двајца малолетници. Еден од разбојниците се обидел да побегне скокајќи од балконот, но полицајците го запреле со пиштол за шок. Во акцијата е повреден еден полицаец, повредено му е коленото.
Александре Летелие и неговото семејство биле разбудени од аларм околу 2 часот по полноќ откако провалници влегле во нивната градина, а потоа и во нивната куќа. Сопствениците се обиделе да ја известат полицијата, но криминалците ги спречиле во тоа.
Но, полицијата била ефикасна и брзо ги пронашла и уапсила тројцата напаѓачи. Еден имал 21 година, двајца имале по 16 години, а кај нив биле пронајдени разни предмети украдени од куќата на третиот голман на францускиот шампион.
Фудбалерите на Париз Сен Жермен и претходно беа мета на криминалци. Џанлуиџи Донарума беше нападнат од разбојници на улиците на Париз, му се заканувале со пиштол и полесно го повредиле, а му одзеле околу половина милион евра.